top of page
site.png

За нас

Ние во Balkan Fun веруваме дека патувањата се многу повеќе од обично заминување од едно место на друго.

Тие се дел од најважните моменти во животот, моменти кои се паметат, прераскажуваат и со тек на време стануваат најубавите сеќавања од младоста.

Токму затоа, нашиот тим со години посветено работи на создавање на внимателно осмислени и квалитетно организирани патувања. Секој детал е важен – од концептот и програмата, до атмосферата и целокупното искуство. Нашата цел е секое патување да биде нешто повеќе од класичното и очекуваното, да се издвојува од стандардните понуди и да прерасне во приказна што ќе се памети.

Довербата од повеќе од десет илјади млади луѓе кои биле дел од нашите патувања е нашата најголема референца во младинскиот туризам. Токму тие моменти, споделени, доживеани и запаметени, ја градат приказната на Balkan Fun.

Нашата мисија е јасна – да креираме модерни, динамични и незаборавни искуства за млади. Забави, party патувања, фестивали и настани, внимателно планирани во периоди кога младите немаат обврски, со цел да можат максимално да уживаат и да го доживеат секој момент.

Во своето портфолио, Balkan Fun стои зад повеќе препознатливи проекти и брендови за патувања и забава, меѓу кои се издвојуваат: студентски екскурзии, првомајски party патувања, летни одмори под концептот Summer Fun, дочек на Нова Година во европските метрополи, детскиот камп Супер Распуст, велигденски патувања, Latino Weekend, зимски ски кампови, тим билдинг настани и after party концепти.

Balkan Fun Macedonia е ексклузивен партнер и дел од Fun Group Travel групацијата за територијата на Македонија. Оваа групација со години успешно организира патувања и забави за млади, а досега повеќе од 30.000 млади луѓе биле дел од нивните настани и искуства.

ПРОЕКТИ КОИ ГИ РАБОТИМЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ 13 години.

🌴 ЛЕТО ЗА МЛАДИ

Summer Fun е повеќе од обично летување – тоа е концепт на party патување кое ги обединува младите од Македонија, Србија, Хрватска и целиот регион. Илјадници млади луѓе секое лето се собираат на едно место, поврзани од истата енергија – желбата за одличен провод и незаборавно искуство.

Овие патувања се препознатливи по динамиката и атмосферата што ја носат – дневни забави на плажа, ноќни журки, излети и постојани активности кои го прават секој ден различен. Summer Fun е внимателно изграден концепт кој се темели на три клучни елементи: најатрактивни термини, достапни цени и врвно организирана забава.

Првото издание на Summer Fun се одржа во 2010 година на островот Крф, во местото Кавос, со повеќе од 1500 млади учесници. Денес, овој концепт е синоним за лето кај младите. Кога се спомнува лето – се мисли на Summer Fun.

🎓 WONDER EUROPE TRIPS

СТУДЕНТСКИ И СРЕДНОШКОЛСКИ ЕКСКУРЗИИ

Периодот на средно образование и студирање е време што се памети засекогаш – а патувањата со друштвото се дел од тие спомени што остануваат најдолго. Нашите студентски и средношколски екскурзии се создадени токму за тоа – да понудат можност Европа да се доживее на поинаков, поенергичен и позабавен начин.

Ова не се класични патувања. Ова е комбинација од откривање нови градови, култури и луѓе, заедно со препознатливата Balkan Fun атмосфера – журки, настани и моменти кои се паметат. Од Шпанија и Италија, до Франција, Германија и Холандија – секоја дестинација носи свое уникатно искуство.

Токму од оваа идеја произлезе и проектот Wonder Europe Trip – концепт кој ги обединува студентските и средношколските патувања во едно модерно, динамично и внимателно организирано европско искуство. Овој проект е создаден за младите кои сакаат да патуваат повеќе, да видат повеќе и да доживеат Европа на начин кој не се заборава.

Ова е време кога се бега од секојдневието – од предавања, тестови и испити – и се создаваат приказни што ќе ги паметиш долго. Затоа, спакувај се, понеси добро расположение и подготви се за едно од најдобрите патувања во твојот живот.

🎆 НОВА ГОДИНА

Дочекот на Нова Година е момент кој заслужува да биде доживеан на вистински начин. Нашите новогодишни патувања им овозможуваат на младите да ги посетат најпопуларните европски метрополи и да ја дочекаат новата година во атмосфера која се памети.

Со внимателно избрани дестинации, поволни цени и организирани забави, овие патувања комбинираат дружење, енергија и незаборавен почеток на новата година. Преминот во новата година треба да биде посебен – како увертира за сè што следи.

🧒 СУПЕР РАСПУСТ

Супер Распуст е концепт создаден за децата да доживеат повеќе од обичен одмор. Тоа се 7 дена исполнети со активности, дружење, спорт и нови искуства, во средина која поттикнува развој, самостојност и креативност.

Програмата е внимателно осмислена да ги поттикне децата да пробаат нови работи – од спортски активности до тимски игри и предизвици. Нашиот тим е составен од професионалци – дипломирани професори по физичко и здравствено образование, тренери, педагози и ентузијасти кои работат со деца и создаваат позитивна и безбедна атмосфера.

Целта не е само забава, туку и развој – градење самодоверба, тимска работа, одговорност и здрави навики. Супер Распуст е место каде што децата растат, учат и создаваат пријателства.

🏢 ТИМ БИЛДИНГ

За компаниите, организациите и тимовите кои сакаат да излезат од секојдневието и да создадат посилни врски, нудиме комплетно организирани тим билдинг патувања.

Од избор на дестинација до креирање на програма, секој дел се прилагодува според потребите на клиентот. Целта е едноставна – подобра комуникација, зајакнување на тимот и искуство кое ќе остане како заеднички спомен.

bottom of page